Нашиот тим

Ние сме тука за вашата насмевка

Спец. Д-р. Јулијана Ангеловска Зафироска м-р.

Д-р. Јулијана Ангеловска Зафироска е специјалист по ортодонција, магистер по стоматолошки науки. Во 2008 година дипломира на Стоматолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје, a во 2012 година ги завршува постдипломските студии на катедрата по ортодонција при Стоматолошкиот факултет во Скопје со постигнат успех 9,7 и се стекнува со звање магистер по стоматолошки науки. Темата на магистерската гласи: Евалуација на бројот на заби при ортодонтски неправилности. Понатаму, во 2014 година ја завршува специјализацијата по ортодонција на Стоматолошкиот факултет, од кога и почнува да работи како специјалист-ортодонт. Во 2017 година ја основа својата специјалистичка ординација ПЗУ.Ортонова.Д-р.Јулијана Ангеловска Зафироска има посетувано бројни курсеви и семинари во Македонија, Турција, Словенија, Франција, од каде за добиеното знаење и постигнатиот успех се стекнува со бројни сертификати и признанија.